7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Јане Ченто го врати на судот решението за притвор – Нема да прима документи на кои пишува „Северна“

Јане Ченто му го врати решението за притвор на судот, бидејќи пишувало Република Северна Македонија и напишал дека нема да прима документи на кои пишува Република Северна Македонија.

Преку неговиот адвокат Дончо Наков, Јане Ченто се обрати со писмо:

-Почитувани браќа, сестри и пријатели, денес се случи тоа што и се очекуваше во држава во која владее хунта и режим, како што не е видено во Македонија, но имам да порачам нешто. Браќа и сестри, никој не е вечен, така и оваа криминална хунта ќе си оди еден ден, им се гледа крајот. Ако мислат дека ќе ме замолчат со тоа што ме осудија 15 години затвор, се лажат. Има начин и од затвор да ја водам оваа борба против оваа хунта и верувајте, нема ни еден ден да се откажам од борбата за Македонија. Пренесете им надвор, еден ден ќе паднат ама нема да бегаат од Македонија, туку ќе одговараат за сите злодела што ни ги направија и нас и на македонскиот народ. Македонија ќе се разбуди за брзо време, а тогаш ќе изгрее ново сонце на слободата.

Им благодарам на сите мои роднини и пријалите кои изминативе месеци ми помагаа. Нема да ги спомнам поради нивна лична заштита од оваа хунта, за да не ги прогласи и нив за терористи.

Пренесете му на Крсто, Сашо и останата багра дека тоа што си сееле тоа и ќе си жнеат еден ден, а тој ден ќе дојде многу брзо. Животот е долг, борбата за Македонија никогаш нема да запре во моето срце. Пријатели мои да се живи и здрави и верувајте ќе дојдат подобри времина. Главата горе, горди мои македонци.

На апелациониот суд остануваат посериозни проблеми. Жалам за престојниот срам што падна врз оваа судска власт. И на крај не се плашам од затворот, ниту од бесот на бедниот тиранин, кој ни го смести ова. Судот не осуди, но тоа и не толку важно, историјата ќе не ослободи. Еден ден ќе изгрее сонцете на слободата.

Вам почитувани судии длабоко ви се заблогодарувам, што искрено дозволивте да се искажеме во овј судски процес. Искрено, не чувствувам огорченост кон вас, разбирам дека во одреден дел бевте хумани и знам дека претседателот во овај судечки совед е човек со голема професионалност и не може да ја сокрие одбивноста кон овие случувања и беше принуден да донесе неправедна одлука.

Да живее Република Македонија. Јане Ченто – 15.03.2019

поврзани објави

Последни објави