Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова на својот новоотворен Твитер профил започна хаштаг #СтевоИзвини. Ова се само дел од твитовите на Силјановска-Давкова:
#СтевоИзвини што не го продадовте мерцедесот на Грујо и што граѓаните се возат во стари и неисправни амбулантни возила. Најбитно е Заевизмот да си се вози. Возиме напред!
Во рамките на нејзините активности, Силјановска Давкова гостуваше на телевизија Алфа каде што истакна дека судството е далеку од независно. Тоа особено се виде во трката оправдувана со постигнување на „повисока цел“, во која патем се изгубија главните принципи на ограничената и поделена власт.
Се кршеа за да се истурка на сила Преспанскиот договор, да се изманипулира со волјата на граѓаните на референдумот, потоа беше противуставноратификуван и објавен законот за употреба на јазиците, итн, рече Силјановска Давкова.