2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Бошко Обрадовиќ за „Поглед“: На 13. април ќе имаме масовен собир, Вучиќ е уплашен и тајно се состанува со Харадинај и Тачи

Претседателот на српската партија Двери Бошко Обрадовиќ кој го предводеше протестот во Белград и упадот во просториите на државната телевизија РТС во едно мини интервју за „Поглед“ за македонската јавност открива што се случуваше во Србија во изминатите денови, како и за тоа кои се нивните барања и планови за во иднина.

ПОГЛЕД: Господине Обрадовиќ. Вие бевте на чело на протестот кој се заврши со формирање на круг околу Претседателството со цел да спречите Вучиќ да го напушти, иако тоа заврши неуспешно. Која беше идејата и целта и што се случуваше во Србија изминатите денови?

Изминативе денови власта во Србија ја покажа својата нервоза поради актуелните протести и покрена насилство и репресија врз демонстрантите во Србија. Во текот на протестите неколкумина од нас мирно влеговме во зградата на РТС со намера да испратиме барање до уредниците да дозволат гостување односно обраќање на претставниците на протестот во Дневникот на телевизијата.

Демонстрантите не го уништуваа имотот на РТС ниту пак беа насилни спрема вработените како што тоа сакаат да го прикажат од валста. Тензијата настана кога полицијата влезе и насилно почна да ги исфрла луѓето од РТС.

Протестот продолжи во недела пред претседателството на Србија. Идејата беше да изразиме незадоволство во текот на говорот на Александар Вучиќ. Меѓутоа првите тензии настанаа кога полицијата не сакаше да го пропушти камионот со озвучување, а кога се обидувавме да го поместиме камионот полицијата тргна да употреби сила. Постојат снимки на кои се гледаат дека ме удираат и влечат, на што нормално луѓето реагираа за да ме ослободат и заштитат од нивните напади.

После тие сцени успеавме да го поместиме камионот спрема Претседателството со цел да се одржат говори, по што мирно го напуштивме местото. Меѓутоа во меувреме полицијата уапси неколкумина протестанти кои го изразија својот револт на протестот. Потоа се упативме кон полициската станица каде тие беа однесени и протестот продолжи таму.

Ова е целата вистина за случувањата во Србија во изминатите неколку денови.

ПОГЛЕД: Додека Вие протестиравте, Вучиќ играше шах и испрати порака дека ќе ја зачува секоја српска глава, па дури и онаа на оние кои се надвор, за кои рече дека се повикани и заведени токму од вас. Тој ве обвини за соработка со Приштина и Харадинај кој изјавил дека ќе го сруши од власт. Што од ова е вистина и како ќе реагирате ако Вучиќ ги игнорира вашите барања и во иднина?

Вучиќ со сликата како игра шах додека луѓето протестираат уште еднаш покажа дека не се грижи за неговите граѓани и нивните проблеми. И фактот што токму тој тајно се состанува со Харадинај и Тачи, а не обвинува нас за тоа, говори за тоа дека е уплашен и се обидува да ги дискредитира протестите на сите можни начини.

Нашите барања се јасни и од тоа нема поместување: оставка на претседателот, премиерот на владата, обезбедување на слободни медиуми од 6 до 9 месеци и одржување слободни, фер и демократски избори после тоа. Доколку тоа не се случи до 13. април, можете да очекувате голем протест и собир на сите граѓани во Белград.

поврзани објави

Последни објави