2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Се јавил во полиција 45.210 пати бидејќи му било досадно и сакал да прави муабет со полицајци

55-годишен маж од Турција ги спречувал јавните полициски служби да си ја вршат работата“. Неговата грешка е тоа што во текот на една година дури 45.210 пати повикал полиција.

Шереф Кан, разведен маж од истанбулската област Бајрампаша, во периодот помеѓу 15 мај 2017 година и 15 мај 2018 година се јавувал во полиција најмалку по 100 пати во денот, или во една година направил вкупно 45.210 повици до полицијата. Но, не барал никаква помош и не упатувал никаква жалба, туку едноставно пробувал да си прави муабет со кој и да одговорел на телефонскиот повик.

Во еден момент, полициските службеници толку почнале да ги иритираат неговите јавувања, што упатиле жалба против него до секторот за комуникации и електроника од истанбулската полиција. Надлежните органи, откако се утврдила лудата бројка на повици кои ги упатил тој до полицијата, поднесле кривична пријава против него.

Сега, поради таквата негова грешка и обид за забава може да заврши зад решетки цели 5 години.

поврзани објави

Последни објави