-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Живеев на клупа во парк, бев гладен и без надеж, но во еден момент се ми се промени: За тоа е заслужен само еден човек

Пред само три месеци Јован Петровиќ од Нови Сад спиел на клупи, барајќи работа и начин да се тргне од улица. Тој поминал низ вистинска голгота оваа година, особено зимава, бил гладен и без надеж дека нешто ќе му се промени во животот, но сепак во еден момент се се променило. Тој сега е вработен во месната индустрија, сместувањето му го обезбедила фирмата во која работи, а сето тоа благодарение на човек чие име е Драган.

Моментално работам во месна индустрија. Тоа е огромна фирма со многу работници и различни позиции на работа. Јас најчесто пакувам, но тука сум и за се друго што ќе затреба во фирмата. Неговиот работен ден почнува во 5:30 секое утро освен недела, кога е слободен. Како што вели не му е тешка работата, но секако има и напорни денови.

Не е лесно, не би можел да кажам дека е лесно, но зарем е полесно да се седи на клупа без работа и свој дом. Заработувам сосема добро за самиот себе, бидејќи имам храна во склоп на фирмата, така да никогаш не сум жеден или гладен. Сепак, тој вели дека не би бил таму каде што е денес без помошта од човекот со име Драган.

Драган ми го овозможи животот од почеток, како и неговата прекрасна фамилија. Сите негови блиски и тој многу се трудеа околу мене, да застанам на свои нозе, особено на почетокот кога ми беше навистина тешко. Бев запуштен, а голем ризик е да пуштите дома некого кого не го познавате а кого прв пат го гледате во својот живот, вели тој и додава дека е многу благодарен за таа можност.

Фото

Како Драган го спасил?

Јован напишал дека бара работа, а тоа го објавил на социјалните мрежи. Била зима, тој немал каде да спие, ниту пак имал пари да јаде. Откако го објавил својот пост каде што бара работа, а каде што ја објаснил својата ситуација, Јован добил повик на својот телефон. Таму слушнал милозвучен глас кој го прашал „Здраво Јован, како си, каде си сега моментално, имаш ли пари во тебе“? Го нашол, му купил нова облека, му дал мала сума на пари, а веднаш потоа го сместил во неговиот дом.

Драгановата сопруга Милица многу ми помогна. Таа беше како моја мајка. Не само што се грижеше за мене како родител, туку и ми даде совети кои ќе ми служат во текот на понатамошниот живот, рече Јован.

поврзани објави

Последни објави