Јелена Карлеуша се врати на социјалните мрежи, прв пат по неколку недели поминати во голема тага.
Ѕвездата на Инстаграм објави заедничка фотографија со Дивна Карлеуша која веќе има над 60.000 допаѓања.
Дивна за жал не издржа и не напушти на 6 март оваа година. Јелена многу тешко се соочува со овие моменти, а поддршка доби од сите свои блиски пријатели, колеги и познаници, меѓу кои и познатиот македонски шоумен, сегашен сопственик на 1ТВ Бојан Јовановски.
Прочитајте повеќе: Дарко Лазиќ се враќа на настапите, оние кои ќе сакаат да го ангажираат ќе мора да платат дебело.
Дарко Лазиќ успешно оздравува од сообраќајната несреќа која се случи на 23 октомври во близина на неговиот роден крај.
Меѓутоа, тој ги прекршил советите на лекарите и веќе го закажал својот прв настап.
Имено, иако не требаше да пее пред јуни, Дарко на 24 април првпат ќе застане на сцена и тоа заедно со Аца Лукас.
-Дарко го прифати повикот на организаторите за концертот во Салата во Суботица. Покрај него и Лукас, ќе настапуваат и Газда Паја и Мили, а најверојатно Дарко прифати да пее заради парите. Тој за 7 месеци изгуби меѓу 250 000 и 350 000 евра. Од октомври, откако имаше сообраќајка, семејството на Дарко се задолжи. Им помагаше еден менаџер, но Дарко сега мора да врати многу пари, и да заработи за себе и семејството. И за четири месеци треба да му се роди синот, така да потребни му се пари, вели изворот.