14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Погледнете го на време својот пасош: Ако ви е издаден од 2009 до 2010 година можат да ве вратат од граница

Поголемиот број на граѓани на Србија добиле известување дека мораат да ги погледнат своите пасоши односно дека на истите во наредните неколку години ќе им истече биометрискиот пасош кој беше воведен во Србија пред 10 години, колку што трае и нивниот рок на важење. Тоа направи големи гужви на шалтерите, а предупредувањата се дека тие ќе бидат се помасовни како што се наближува летото.

Поголемиот број на биометриски пасоши се издадени од 2009 до 2010. година, што значи дека рокот им истекува оваа и наредната година.

Затоа, добро погледнете кога ви истекува пасошот односно до кога е неговата важност, предупредуваат во Србија.

Од МВР на Србија велат дека ги преземаат сите неопходни мерки како би се издавањето на пасошите одвивало во забрзана постапка, без никакви гужви на шалтерите во институциите кои се надлежни за тоа.

Во меѓувреме во Србија се одвиваат големи протести на кои се бара оставка од првиот човек на Србија, претседателот Александар Вучиќ. До власта беа упатени повеќе пораки, а истите ги изнесе актерот Бранислав Лекиќ од Демократската странка (ДС), кој кажа дека доколку до овој 13 април не се исполнат условите, „цела Србија ќе се собере во Белград на 13 април“.

Од друга страна Вучиќ рече дека опозицијата мора да се одлучи дали е за избори или не, испраќајки уште еднаш јасна порака дека државата нема да дозволи насилства во Белград.

поврзани објави

Последни објави