-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Груби потенцираше дека е веројатна коалиција ДУИ-СДСМ

Шефот на кабинетот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Артан Груби гостуваше во емисијата 200 на ТВ Алстат-М каде откри дека е веројатна коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ, нормално доколку биде прифатена платфорамата на албанските партии.

„Не постои причина зошто СДСМ да не прифати. Верувам дека ќе го сторат тоа и не гледам причина зошто Македонците да не ја прифатат оваа платформа, која ќе помогне во социјална кохезија, како и граѓанска еднаквост во државата“, истакна Груби.

Од СДСМ и натаму нема став околу ова прашање, но веќе два дена потпретседателите на двете партии имаат разговори. Самото нагласување од страна на Груби за можна коалиција, води кон најавите дека во текот на оваа недела Заев ќе го добие мандатот од Иванов за создавање нова Влада.

Во четврток се очекува посета и на еврокомесарот Јоханес Хан, со што многу веројатно поголемиот дел од политичките прашања ќе бидат решени и ќе се знае во која насока ќе продолжи да се движи државата.

поврзани објави

Последни објави