fbpx
11.8 C
Skopje

Хилари Клинтон: Иднината – тоа се жените!

АКТУЕЛНО

Во своето прво јавно излагање од инаугурацијата на Трамп, пеговата противкандидатка Хилари Клинтон, се осврна на актуелната ситуација, протестите кои се одвиваат во Америка, особено ставајќи акцент на „Маршот на жените“ во Вашингтон.

„И покрај сите предизвици со кои се соочуваме, дека иднината се токму жените“, рече Хилари Клинтон во своето обраќање.

Клинтон истакна дека целта на настанот е да се сподели приказната за жените и да им се одаде чест за нивната витална улога, која понежната половина ја изиграла во минатото, сегашноста и иднината на САД.

„Сум го кажала и претходно, но денес пак ќе повторам – никогаш не се сомневајте во својата вредност, сила и во правото да добивате, но и да ја искористите пружената шанса и секоја можност во светот“, заклучи таа.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -