14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Неколку вицови за развод и за Трпе и неговата жена

Брат, чув си се развел од сопругата. Да. Децата останаа кај мене. А куќата?

Кај неа. А парите? Кај адвокатот. Следен виц: Шефот на телефон.

Му ѕвони шефот на Трпе на телефон: Ало, Трпе, шефот на телефон! Кога ќе дојдеш на работа? За пет минути сум таму, шефе. Гужва има во сообраќајот.

Алооо, Трпеее! Разбуди се. На фиксниот дома ти ѕвонам.

Малиот Трпе го прашува татко си: Тато, абе зошто се ожени ти со мама? Слушаш ли жено! И на детево не му е јасно, вели мажот.

Трпе се јавува во продавница за бела техника: Ало! Вчера ми продадовте супер моќна правосмукалка! Зборете погласно, не ве слушам! Не можам. Во ќесето за прав сум, вели Трпе.

Трпе седнал дома и сам си размислува: Јас јадам – жена ми готви. Јас валкам – жена ми чисти. Јас правам неред – жена ми средува. Па што ке прави она, да не сум јас?

поврзани објави

Последни објави