23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Академик Маџунков: Името и јазикот треба да ги чуваме како нешто без што нема опстанок

Академикот Митко Маџунков на промоцијата на 50 нови изданија од едицијата „Светско книжевно богатство“ истакна дека двојазичноста е опасен процес кој води до уништување на македонската држава и народ. Според академик Маџунков, ниту еден јазик не може да преживее во двојазичноста или мултијазичноста ако нема матична држава каде што тој се чува и негува.

„Во Македонија живеат повеќе етнички заедници, но сите тие заедници имаат матични држави каде што се чува и развива јазикот на тие заедници. Истото важи и за Албанците. Западниот концепт на нацијата во преден план го става државјанството, во нашата средина етничкото е се уште доминантно, од тоа произлегуваат повеќето неволји со мултикултуралноста“, истакна академикот.

Јазикот, според Маџунков, е еден од главните атрибути на секој народ, а тоа значи дека официјалниот јазик на една држава не може да се менува во зависност од демографската состојба.

„Нема држава без јазик и нема државен опстанок без јазик“, смета Маџунков

Тој додава дека, Албанците, Србите, Турците и сите други народи што живет во Македонија имаат свои матични држави каде што нивниот јазик е заштитен, тоа не е случај со Македонија.

„Ни побогата држава од нас не би можеле да ги поднесе само мaтеријалните трошоци на еден таков експеримент. Тоа не значи на другиот да не му се даде она што му припаѓа, тоа значи да му се даде се што му припаѓа, но не и да му се дуплира или триплира државата за сметка на сопствениот опстанок“, додава академик Маџунков.

Тој смета дека Името и јазикот треба да ги чуваме како нешто без што нема опстанок.

поврзани објави

Последни објави