13.8 C
Skopje
Thursday, May 23, 2024
spot_img

Неверојатна приказна: Жена роди близнаци од различни татковци

Кинеските медиуми известуваат за жена која минатата година родила близнаци, за потоа да се открие дека имаат различни татковци. Овој многу редок случај го потврди анализата на ДНК која воедно ја натера мајката на близнаците да признае дека го изневерила сопругот.

Приказната излезе во јавност кога двојката од југоистокот на Кина морало да ги пријават синовите, близнаци, во локалната полициска станица минатата година. Но, сопругот наводно од почетокот имал сомнежи, затоа што еден од синовите воопшто не личел на него.

За завршување на регистрацијата потребен бил тест за татковство со што двојката би докажала дека близнаците им се нивни. Откако стигнале резултатите, жената едвај му признала дека е можно едното дете да не е негово. Тој бил шокиран, рекол директорот на форензичкиот центар. Откри дека мажот побеснел откако стигнале резултатите и со нив ја соочил сопругата.

Жената прво негирала дека имала афера и го обвинила сопругот дека ги лажирал резултатите на тестот. Но, на крај признала дека спиела со друг маж една ноќ. Таткото, наводно рекол дека со задоволство ќе го одгледува своето дете, но дека сигурно нема да има врска со туѓо дете.

Близнаци кои имаат различни татковци се многу ретка појава позната под називот хетеропарентална суперфекундација. За да се случи нешто такво, жената мора да има сексуални односи со двајца различни мажи ден пред или по овулацијата за двете јајце клетки да бидат оплодени.

Стручњаците велат дека тешко е да се одреди точната веројатност да се случи овој феномен, но претходните истражувања покажуваат дека веројатноста е некаде меѓу еден и 400 двојки близнаци и еден на 13.000 двојки, пишува Гардијан.

Целиот текст на НЕЗАВИСЕН.мк

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави