6.8 C
Skopje
Tuesday, October 8, 2024

Милионер нуди 300.000 долари и бизнис на оној што ќе се венча со неговата ќерка девица

Талјандскиот милионер Арнон Родтонг вети 300 илјади долари за оној што ќе се ожени за ќерка му, а сè што бара за возврат е да биде добар работник и да ја направи среќна, пишува „ЛАД бајбл“.

Тој на Тајланд поседува фарма со овошје, а неговата 26-годишна ќерка, Карнсита, му помага и ја води семејната работа. Освен 300 илјади долари, нејзиниот сопруг би ја наследил и фармата, чија вредност се проценува на неколку милиони долари.

Иако на Тајланд е обичај младоженецот да му плати на семејството на невестата, Арнон се одлучил на спротивното.

„Сакам некој што ќе се грижи за мојата работа и кој ќе ја унапреди. Не сакам некој што има само диплома, туку некој што е внимателен и не му е тешко да работи“, рекол Арнон.

Иако има и други деца освен Карнсита, тој цврсто се одлучил да му остави сè токму на нејзиниот сопруг.

„Штом добијам зет, нему сè ќе му префрлам“, ветил милионерот.

Карнсита, која има 26 години, зборува течно англиски и кинески јазик, тврди дека е девица и дека никогаш немала момче.

„Бев малку изненадена кога дознав за тоа, но ми беше и смешно. Сè уште сум сама. Ако веќе морам да се омажам за некој, би сакала да биде внимателен и добар човек што сака семејство“, рекла таа.

поврзани објави

Последни објави