Коњ или автомобил? Ниту едното, ниту другото, туку белоруски „коњомобил“.
Во срцето на Белорусија, во едно мало село, Алексеј Усиков уште од мал сака да склопува работи.
Неговиот најнов изум е „коњомобил“ – преработен модел на старо ауди 80, од кое е изваден моторот, а кој го влече неговиот коњ.
Усиков го користи за да превезува до земјоделското земјиште на кое работи, а неговите сограѓани го фалат поради креативноста и посветеноста.