Работниците од фирмата Турија од Бихаќ направиле необичен гест со тоа што на својот колега Сеад Хоџиќ му купиле автомобил ФИАТ Пунто.
Мухамед Селимовиќ, сопственик на оваа компанија, за босанските медиуми изјавил дека идејата дошла спонтано. Сеад потекнувал од повеќечлено семејство, во лоша материјална состојба, а неговите примања се единствени во семејството.
Навистина, автомобилот е половен, но е во многу добра состојба и се надевам дека добро ќе му служи, рекол Селимовиќ.
Кога дојдов на работа ме пречека целиот колектив и од почетокот не знаев за што се работи. Морав да одам со затворени очи, а кога ги отворив, имаше што да видам. Ова е најубавиот новогодишен подарок што сум го добил, рекол Сеад.
Тој додал дека ова е уште еден доказ за пријателството и колегијалноста која владее во оваа мала, но успешна приватна компанија.