5.8 C
Skopje
Thursday, December 12, 2024

Родителите на Пино и Арбен едногласни: МВР да не штити по никого

Родителите на исчезнатите Пино Секондо и Арбен Аслан биле известени дека нивните синови биле барани со нуркачи во Смилковското езеро, а воедно тоа е и единствениот детал кој го добиле од МВР.

Тие на денешниот протест пред Владата изјавија дека испекторите и понатаму одбиваат да контактираат со нив, а како што велат „нема и никакви одговори за тоа што е направено досега, во овие 110 дена од исчезнувањето“.

„Барам министерот Спасовски да излезе и јавно да каже се. Пред три недели се бараа децата во Смилковско езеро. Јас кажав дека тоа не е потребно, затоа што тоа е губење време на веќе проверено место. Инспекторот кој што го води случајот е на одмор. Надлежниот од Службата за исчезнати лица зел слободни денови. Сега ќе чекаме да се вратат, па дури тогаш ќе видиме дали ќе ни ги најдат децата. Снимките се прегледани, нема ни трага од нив. Овде некој нешто крие“, вели Маја Трпковска, мајката на Пино Секондо.

Маја Трпковска се здобила и со пријава заради вознимирување на премиерот Заев, бидејќи му праќала пораки.

„Не се ни јавија да ни кажат дали има некакви информации од пребарувањето на Смилковско езеро. Син ми заминал со туѓо возило. Има само снимка кога влегува во колата. Два месеци се работи таа снимка зошто е темна, ама ништо не направија. Го повикувам МВР да не штити никого. Телефонот на мојот син, спрема листинзите е најден со сигнал кај Јане Сандански во Аеродром. Последна активност му била во 22 часот“, вели Бекир Аслани, татко на Арбен.

Пино Секондо пред да исчезне, домот го напуштил со автомобил „Шкода Фабија“ со регистерски таблици SK1566АР. Арбен Аслан е исчезнат од 23 јануари годинава, а последно е забележан како влегува во непознато возило.

поврзани објави

Последни објави