Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска реши да ја прифати понудата на опозицијата и да прифати предвремени парламентарни избори на кои ќе се види во кого народот има доверба.
Од владејачката партија велат дека се убедени во победа и на предвремените парламентарни избори, но и на претседателските кои во овој случај ќе мора да се одложат се со цел истите да бидат спроведени заедно со парламентарните.
Од опозицијата се изненадени од ваквиот потег и велат дека истиот е задоцнет и неприфатлив бидејќи за спроведување на предвремени парламентарни избори е потребна техничка влада, избор на нов ЈО како и независни и слободни медиуми.
НАПОМЕНА: Веста е невистинита и објавена со цел да Ве насмееме во чест на првоаприлската шега. Ние денот на шегата го одбележавме, а се надеваме дека читателите и засегантите личности нема да ни замерат.