Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ ја започна својата кампања, за која најави посета на многу градови и средби со граѓани.
Таа објави и дека се сретнала и со амбасадори со кои разговарала за проблемите во државата.
-Деновиве имав средби со повеќе амбасадори. На средбите заклучивме дека најголем дел од проблемите се заеднички. Еден од најгорливите е емиграцијата на младите. Каде се младите? Запустени се и селата во Кичевско и во Беровско. Само со владеење на правото, а за тоа живеам и се залагам. Само со меритократија, а не непотизам, Македонија може да оди напред, и Македонци и Албанци и Срби и Роми и Турци и Египќани и Хрвати и Бошњаци и сите останати! – напиша Силјановска.
Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 21. април, а вториот на 5. мај.
Кандидатите за претседател на државата Блерим Река, Гордана Сиљановска Давкова и Стево Пендаровски вчера во просториите на Државната изборна комисија (ДИК) потпишаа Кодекс за фер и демократски избори.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера присуствуваше на трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во културниот центар „Антон Панов“ во Струмица.
Во обраќањето Мицкоски истакна дека на Европа и требаа честити, принципиелни луѓе, а не луѓе коишто затварат цели планини за да скијаат, не луѓе коишто однапред договарат во четити очи зделки, не и требаат аболирани политичари, луѓе коишто бараат евро за себе, а евро за црквата.
Мицкоски пред граѓаните им се забралгодари на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од Струмица Васил Пишев и Ванковер Манчев кои и покрај многу уцени, на 19 октомври останаа храбри и достоинстевени и го зачуваа браникот на својата татковикна Република Македонија.
-Овој народ е честит, достоинствен, колку и да го корнеш, тегнеш, уништуваш тој повторно ќе изникне, ние сме пиреј колку господине Заев вие да не корнете, тегнете нема да не исчистите ќе останеме ќе се бориме, нема да заборавиме тоа што и го направивте на нашата таковина, порача Мицкоски од Струмица.