3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Малиот Трпе го прашува татко си: А бе тате, ти зошто се ожени со мама?

Малиот Трпе го прашува татко си: Тате, а бе ти зашо се ожени со мама? Таткото се дере: Слушааш ли женоо, и на дететво не му е јасно.

Трпе отишол на службен пат, па и се јавува на Трпана да и каже како си поминува: Секоја ноќ те мислам. Аиии што така? Бројам овци пред спиење, одговара.

Доцна навечер, малиот Трпе се буди и оди до креветот кај што спие мајка му: Мамо, мамо, те молам раскажи ми уште една приказна, не можам да заспијам. Дојди легни кај мама, кај и да е, ќе дојде татко ти и на двајцата ќе ни раскажува приказни. Следен виц со наслов: Љубов.

Трпе му се доверува на Цветко: Нешто многу ме мачи. Што, што е проблемот, кажи како да ти помогнам, го прашува Цветко. Треба да се женам а имам две девојки, одговара Трпе. И? – па едната е вдовица, многу постара, ама има три 3 коли од кои два ципа и 4 стана. А другата, прашува Цветко.

Другата е многу згодна, млада и паметна, ама нема пари. Ожени се тогаш за младата, го советува Цветко и притоа додава: Битна е љубовта и го прашува: А каде живее оваа вдовицата?

Виц за Трпе и Трапана: Трпана му звоне на Трпе. А бе да не ја имаш чепкано навигацијата во колата? Да, сакав да видам колкаво е растојанието од Скопје до Охрид. Е фала многу, јас сум во Охрид.

поврзани објави

Последни објави