Премиерот на Грција, Алексис Ципрас, утре ќе пристигне во официјална посета на Република Северна Македонија. Главна тема во разговорите со премиерот Заев ќе биде безбеноста и економската политика.
Ова е воедно и историска посета, односно Ципрас ќе биде првиот грчки премиер кој ќе го посети Скопсје, а истовремено и највисока посета од грчки функционер после потпишувањето на Преспанскиот договор.
Ципрас воедно ќе донесе и представници на над 70 грчки компании и утре во Скопје ќе се одржи заеднички македонско – грчки бизнис форум.
Дека посетата е од голема значење и за Грција говори фактот што Ципрас даде интервју за МИА, на кое одговара на многу прашања поврзани со односите меѓу двете земји.
Наша одговорност – моја и на Зоран – е да покажеме дека нашите народи може само да добијат од патот што се отвори. Исто така, наша одговорност е да им одговориме на силите на национализмот кои во денешниот свет се зајакнуваат и целат кон тоа да не вратат во мрачните времиња.
Ципрас е убеден дека во иднина двете држави ќе бидат стратешки сојузници и партнери, а со посетата само ќе се постават темелите на таа соработка.