5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Ги откажа сите настапи: Северина загрижена дека се ближи крајот на нејзината кариера

Изгледа дека познатата пеачка Северина ги доживеува најтешките моменти во својата кариера. Имено како што пренесуваат српските медиуми таа ги откажала последните три концерти, откако нејзиниот настап на Денот на жената потфрлил и биле продадени само 120 влезници.

Пропаста на кариерата на една од најпопуларните пејачки во регионот, се чини, започна со прекинот на соработката со својот најблизок соработник, менаџерот Томислав Петровиќ, а на тоа се надоврза и прекинот на соработката со пи-ар стручњакот Давор Гргин, но и со адвокатот Дарио Будимир.

Северина на својот фејсбук профил неодабна објави дека го откажува закажаниот концерт во Зачрет, а како главна причина ги посочи проблемите меѓу организаторите на концертот. Сепак, од продукцијата се огласија и ги демантираа изјавите на популарната Севе.

„Почитувани, со искрено жалење, приморани сме да ве известиме дека концертот на Северина, договорен за 13 април 2019 нема да се одржи. Исто така, сакаме да ве известиме дека останавме непријатно изненадени на објавата на службениот фејсбук на пејачката, која како причина за откажувањето наведува извесни проблеми кои настанале помеѓу организаторите, иако тоа не е така“, се вели во одговорот од продукцијата.

поврзани објави

Последни објави