8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

На страната на правдата, на страната на Македонија – Вмро-Дпмне преку спот повикува граѓаните да гласаат за Силјановска Давкова

На страната на правдата, на страната на Македонија! – ВМРО-ДПМНЕ го објави спотот со кој ги повикува граѓаните да излезат на претстојните претседателски избори и да го дадат својот глас за нивниот кандидат Гордана Силјановска Давкова. Тие велат – Татковината повикува.

Што очекувам во кампањата, можеби е најдобро да кажам како јас ја замислувам кампањата. Веќе реков како рамноправен натпревар на идеи, како етички натпревар на програми, како витешки натпревар на ставови и јас ќе се држам до тоа. Ниту во животот сум правела, ниту имам намера да применувам „ad hominem“ или напад на личност, или перцепција на личноста во кампањата, истакна денес кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова,

-Секогаш ќе дискутирам за реалните проблеми, ќе им се обраќам се разбира, не само на оние кои ми отворија врата, веројатно сакајќи да покажат и да докажат демократски капацитет за некој однадвор некој како мене кој ги критикувал. Мислам на партијата ВМРО-ДПМНЕ, но јас ги критикувам и другите партии кога треба и ќе продолжам тоа да го правам. Туку ќе им се обраќам и на граѓаните, индивидуите, а не на партиите. Зошто? Бидејќи мислам дека меѓу нив има луѓе кои ме познаваат мене, како професорка, понекогаш како некој кој на медиумите ги изразува своите ставови, значи би сакала со мене и околу мене да бидат неутралните гласачи. Гласачите кои можеби идеолошки припаѓаат кон други партии но она што се случуваше овие години длабоко ги разочара оние кои првпат ќе гласаат. И мислам дека во нивно име ќе ги застапувам и пред Владата но исто така и пред Парламентот, значи шансите на некој кој е непартиски, натпартиски да ги преставува сите граѓани и да докаже дека е човек од народот, за народот, со народот. Мислам дека се големи и таквата личност има шанса да посегне кон помирување, бидејќи поподелено општество од македонското во моментов мислам дека нема, вели таа.

поврзани објави

Последни објави