7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

И Груевски се јави за 1 април: Испрати цинична порака преку статусот

Поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски со циничен статус на Фејсбук ја прокоментира одлуката на Апелација за ослободителна пресуда за случајот ,,Поткуп” каде сегашниот премиер Заев, а тогашен опозиционер во видео снимка бара по едно евро за Вицето, едно за црквата и едно за земјиштето.

Каква храбра и неочекувана одлука! Честитки за апелација!Е ова е реформирано судство. Само напред!

Posted by Nikola Gruevski on Monday, April 1, 2019

Каква храбра и неочекувана одлука! Честитки за апелација! Е ова е реформирано судство. Само напред!, напиша Груевски.

најверојатно апелациските судии и Кацарска во Основниот суд претходно брзаа да го решат предметот ,,Тенк,, за да не ме држат во неизвесност и во исчекување. Тоа е преголема почит, да ми помогнат, од љубов, хуманост и човекољубие…

А ова што го развлекуваат за Заев по година, две и повеќе е за да го измачуваат. Да види тој како е година две да не ти го решаваат предметот, па дури потоа да те ослободат.

Интегритет покажуваат. Не го фермаат. Го ослободуваат и чао, кој го прашува, не му се плашат!

Сега после избори, или ако сакаат уште малку да го мачат можеби и подоцна, кога ќе му „треснат“ на Заев една ослободителна пресуда на маса овие од апелација, ќе ја засенат и Кацарска…

Па изнервиран тој од нив, кога ќе фати да ги унапредува, има лом да биде.

поврзани објави

Последни објави