Програмата ја разбирам како витешки натпревар на ставови и јас ќе се држам на тоа. Ниту во животот сум правела ниту имам намера да напаѓам некого како личност во кампањата. Секогаш ќе дискутирам за она што е реален проблем. Јас ќе им се обраќам на индивидуиите, а не на партиите. Зошто? Затоа што мислам дека меѓу нив има луѓе кои ме познаваат мене како професорка, понекогаш на некого кој на медиумите ги изразува своите ставови. Би сакала околу мене да бидат неутралните гласачи, оние кои идеолошки припаѓаат на други партии, но она што се случуваше изминативе години длабоко ги разочара, рече Силјановска Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата од Охрид.
Таквата личност која е натпартиска може да посегне по помирување бидејќи повеќе поделено општество од македонското мислам дека нема.
Ќе се обраќам не само на оние кои ми отворија врата, веројатно сакајќи да докажат демократски капацитет кон некого кој ги критикувал, мислам на ВМРО-ДПМНЕ, но ќе се обраќам и на граѓаните, а не само на партиите, додаде таа.