ВМРО-ДПМНЕ вечерва со митинг во Охрид ја започнува својата предизборна кампања за претстојните претседателски избори.
Митингот започнува во 20:00 часот, а на него ќе се обратат кандидатот за претседател Гордана Силјановска Давкова и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Во меѓувреме на Фејсбук се обрати и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој преку статус повика да се даде поддршка на професорката Гордана Силјановска Давкова.
Бев традиционално во преубавото Охридско Велгошти, во манастирот СВ Петка. Имаше голем број на граѓанин да се видиме, да разговараме, да им ја објсниме визијата за убав Охрид и нашата борба за правда за Македонија. И нашиот кандидат за градоначалник Митре Милошевски и кандидатката за претседателка Гордана Сиљановска Давкова се честити и стаменити луѓе, со план, знаење и искуство, напиша на Фејсбук, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.