7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

На 9 години се здобила со сериозни изгореници по своето тело – Денес најголема испирација за убавина (Фото)

Блек Шалом, е девојката која на 9 годишна возраст се здобила со сериозни изгореници за време на несреќа која се случила во семејниот ресторан. Сега таа е вистинска Јутјуб сензација и инспирација за убавина меѓу огромен број на девојки ширум светот.

„Се сеќавам само на врескањето и стружењето на телото, кожата буквално ми паѓаше на подот”, рекла Блек Шалом. „Се сеќавам дека мајка ми ми рече дека сум се онесвестила. Помислила дека сум заминала засекогаш”, вели таа.

Кога имала само 9 години, Шалом и нејзината помлада сестра спиеле под масата во ресторанот на нивната мајка во Нигерија. Нејзината мајка, несвесна дека ќерките спијат под масата, ставила лонец со жешко масло на масата. Некој случајно го превртил лонецот и сè се истурило над нив.

Девојчињата веднаш биле пренесени во болница со тешки изгореници. Нивната тетка потоа ги снабдила со визи за да можат да дојдат во САД и да направат неколку операции. Откако ја доживеала несреќата, животот на Шалом драстично се влошил.

Набрзо започнала да снима свои виеда и му дозволи на светот да ја запознае каква е таа навистина. “Одлучив да снимам видеа и да објавувам фотографии без перика, што за мене беше голем чекор. Бев многу уплашена, но кога воочив дека моите фотографии ги инспирираат луѓето и јас станав повеќе мотивирана.

Нејзините трансформации во кои демонстрира како ја користи шминката за промена на изгледот, станаа вирални на Интернет. Луѓето не беа воодушевени само со нејзината убавина туку и со нејзината храброст и самодоверба.

поврзани објави

Последни објави