Мал авион попладнево исчезнал од радарот во пределот на Солунска Глава во 16:18 мин. Леталото полетало од Охридскиот аеродром. Сите патници се бугарски државјани. Ова се првите официјални информации од Агенцијата за цивилно воздухопловство за исчезнатиот авион.
Неофицијално поради лошите временски услови пилотот побарал да слета на Скопскиот аеродром, но се премислил и се упатил кон Софија. На 26 километри јужно од Скопје, некаде кај Солунска Глава се губи сигналот.
При последната комуникација пилотот кажал дека има Јака турбуленција.
Во моментов се трага по исчезнатиот авион со два полициски хеликоптери.
Извор: Скопје1