7.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Г. Г. Стефан до Борисов: Ви благодариме за љубовта од Бугарската влада и државата

„Благодарам од се срце од името на сите православни верници во Македонија. Благодарам за љубовта со која се однесуваат кон нас бугарската Влада, премиерот и државата“ – изјави г.г. Стефан за Бгнес по повод одлуката на премиерот Борисов, македонски владика да оди со бугарскиот владин авион во Ерусалим за преземање на велигденскиот благодатен оган.

Премиерот Биросов денеска имал средба со старозагорскиот митрополит Кипријан кој е раководител на Комисијата за регулирање на статусот на МПЦ-ОА што беше формирана кон крајот на 2017 година откако македонската црква и се обрати за помош на бугарската црква. На средбата бил прецизиран начинот на кој благодатниот оган на Велигден ќе и биде предаден и на МПЦ-ОА.

Токму старозагорскиот владика Кипријан годинава ќе патува во Ерусалим по благодетниот оган со владиниот авион, а во црковната делегација ќе биде и македонски епископ, по барање на МПЦ-ОА.

поврзани објави

Последни објави