6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Камерата во градинка откри страшна вистина: Родителите се згрозиле од снимките, интервенција имаше полицијата

Американците се згрозени поради видео снимката од градинката “Sider” во Кливленд, во сојузната држава Охајо, на која се гледа како воспитувачките тепаат бебе.

На снимката од минатата среда убаво се гледа како 49-годишна воспитувачка фатила 2-годишно дете за рака и почнала да го тепа со пластична палка. Го удрила 22 пати, а потоа го фрлила на подот и продолжила да го удира. Останатите воспитувачки само мирно гледале како нивната колешка го тепа беспомошното 2-годишно дете.

Фото

Кратко потоа престанала, за 10 минути подоцна да го крене и да го одведе до масата за пресоблекување, од која грубо го треснала. Сè се случувало околу 17 часот, а мајката по своето дете дошла во 21 часот.

фото

Детето, кое се вика Амари Лејам, имало модринки по цело тело, па мајката веднаш го одвела во болница, повикала полиција и поднела пријава.

За жал, приказната не завршува тука. Кога ја прегледала снимката во четвртокот наутро, управничката на градинката, Октавија Мануел, забележала уште еден инцидент. Друга воспитувачка тепала 18-месечно девојче.

Двете воспитувачки веднаш биле отпуштени, но случајот и снимките од надзорните камери го преземала полицијата. Соопштено било и дека управата од градинката во целост соработува во истрагата.

поврзани објави

Последни објави