6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Поголеми трошоци, возачите незадоволни: Од денес не важи трајната регистрација за овие возила

Од денес престанува да важи трајната регистрација за мопеди во Србија. Сите ќе мораат да имаат стандардна регистрација и да ја обновуваат секоја година.

На улиците и понатаму можат да се видат скутери со нови и стари, таканаречени трајни таблици. Пред неколку години е изменет Законот за безбеност во сообраќајот, но не беше донесен подзаконски акт во врска со техничките прегледи, па на мопедите со трајна регистрација е оставена можноста да го задржат тој статус, доколку не дојде до промена на газдата.

Па така, мопедите веќе нема да можат да добиваат трајна регистрација, но тие што ја имаат, можат да ја задржат. Се до април 2019 година. Имено минатата година на сила стапија измените во Законот за безбедност во сообраќајот, па на сопствениците на мопеди со трајна регистрација им беше овозможено во следната година дена да ги променат старите за нови таблици.

Регистрацијата ќе се продолжува секоја година, а ќе важат истите правила како за автомобилите. Се мора да биде исправно и без измени или додатоци кога се во прашање светлата, седиштата, воланот и останатите делови. Проблеми кај „предрегистрација“ ќе имаат многу сопственици на мопеди кои немаат целосна документација или максималната брзина им е поголема од 45 километри на час.

поврзани објави

Последни објави