6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Доколку користите банкомат, никогаш повеќе не земајте потврда после трансакцијата

Во неодамна спроведеното истражување потврдено е дека личностите кои дошле во допир со хартијата која се користи на банкоматите, после два часа во својата урина имале зголемена вредност на бисфенол А.

Кај личноста која користела ракавици, немало зголемување на ова хемиско соединение. Бисфенол А научниците порано го поврзуваа со хормонски нарушувања, проблеми со зачнувањето и развојот на мозокот кај мали деца.

Покрај тоа што го има во хартијата, може да се пронајде и во конзервирана храна, некои ткаенини и во тврда пластика како онаа што се користи кај шишињата за деца.

Ова хемиско соединение се користи за издавање на потврда кај банкоматите, ПОС-автоматите во супермаркетите и слично, што значи дека многу од луѓето често се во контакт со него.

поврзани објави

Последни објави