12.8 C
Skopje
Thursday, May 23, 2024
spot_img

Рекламата која совршено објаснува зошто се важни женските гради, забранета во многу земји (Видео)

Градите кај жените се важна тема за дискусија, па затоа не треба да не чуди тоа што често се појавуваат видеа и текстови за правилна нега, значење или одбирање соодветни градници. Јапонија, земја која е склона на модата и обрнување на големо внимание на градите, поминува големо време размислувајќи како да дизајнира по атрактивна долна облека.

Иако градникот е естетски елемент на интимната облека, примарната цел е да ги поддржи градите, кои можат да вршат голем притисок на грбот и на тој начин да предизвикаат негово искривување и деформирање.

Ова видео отвара важна здравствена тематика за тоа дали некогаш размислуваме колку тежи женското деколте и како е да се носи толкава тежина секој ден. За полесно да се објасни тежината, авторите на видеото употребиле животни од различни големини. За помалите гради биле искористени поситни животни, а за поголемите гради, покрупни животни.

Животните се сместени во отворени, пластични корпи, а ги носат мажи за да имаат можност да почувствуваат какво е чувството да имаат дополнителна тежина на себе. Додека ја носат оваа дополнителна тежина, мажите се обидуваат да се движат и да изведуваат активности како што е играње тенис или бокс.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави