5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Колев распали по советникот од СДСМ Бојаџиски: Членови на твоето најтесно семејство молеа да станат бугарски државјани

Во последниот период од време, особено по поднесувањето на тужбата за клевета и навреда од моја страна, против г. Иван Бојаџиски од Штип, за изнесените невистини и манипулации од негова страна во неговата статија објавена во весникот „Штипски глас“, имам чувство дека штипската јавност е разбранувана и има потреба да конкретизирам неколку факти.

1. Тужбата не е поднесена против новинарот Бојаџиски, туку против советникот во општина Штип, од редовите на СДСМ, кој е пензиониран новинар, а своите медиуми, статии и портали или нивните семејни поточно, ги користи за политичка канонада и отстрел на политичките неистомисленици, кое искрено ме потсетува на едни времиња за кои мислев дека веќе се одминати. Како човек секогаш сум ја застапувал тезата дека општество без слобода на говорот, слобода на медиумите и кажаниот и пишан збор нема како себеси да се нарече модерно, демократско и европско. Но слободата како право се простира до оној предел до кој човек нема да навлезе во слободата на другиот и неговите гарантирани уставни и законски права.

Слободата не е слободија, таа е вредност во чија основа како носечки столб стои одговорноста.

2. Тужбата се основа на 3 пункта: тврдење од страна на Бојаџиски дека сум врбувал кодоши, тврдење од истиот дека сум закупил простор во ТВ СТАР, тврдење од Бојаџиски дека сум ја негирал македонската нација

3. Не гледам ништо нелогично во поднесување на една тужба за клевета и навреда. Тоа е инструмент кој Уставот и законите на нашата земја ни го даваат за да се заштитиме кога некој злоупотребува и манипулира. Јас така го разбирам стремежот на нашата земја да стане европска, демократска и нормална држава. Земја во која ќе владее правото, а не мускулите на политичката власт и палките на квази- новинарството, облечени во политичка власт.

4. За моја огромна жал, колегите од СДСМ од чии редови е и советникот Бојаџиски под никаква форма не се разграничија од неговите ставови и хајки. Ме вратија назад во времето, она време кога омразата, нарачаното новинарство и местенките беа предуслов за политичко функционирање. Но тоа е нивниот дел од општествената одговорност. Граѓаните сами нека судат дали таква политичка структура, која се служи со такви методи ја заслужува нивната доверба.

5. Една од човечките особини која секогаш ме иритирале е лицемерието. Лицемерни луѓе, сѐ она сечиво на популизмот кое го раскинува нашето општество и сее злоба и омраза.
Како човек кој настапува искрено и секогаш ја зборува вистината, па макар таа била и непријатна, сум приморан да го разголам ова лицемерие и да ги ставам на светлина сите аргументи, за штипската јавност и нашите сограѓани сами да донесат заклучок за изложеното од мене.

Г. Бојаџиски ме напаѓа неколку пати за тоа дека сум освен македонски и бугарски државјанин, факт кој никогаш не сум го криел од јавноста. Но истовремено со тоа, членови на неговото најтесно семејство ме молеа да им помагам за тоа да станат бугарски државјани. Тоа е она лицемерие кое ни го труе, ништи општеството.

Затоа во продолжение како коментари под постот ќе ги изнесам сите факти.

Заклучоците ги оставам на вас почитувани сограѓани, но испраќам апел до власта и до нивните копја кои ги насочиле против мене и ГДУ, дека ние не сме ДПМНЕ или некои други. Од нас господа ќе добиете соодветен отпор. Не затоа што сме многу силни или не знам што, затоа што сме чесни и искрени луѓе, кои го имаат најсилното оружје а тоа е ВИСТИНАТА!

Целиот фејсбук статус на Петар Колев можете да го прочитате ОВДЕ

поврзани објави

Последни објави