7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Силјановска: Национализам е да му го негирате на соседот правото на самоопределување и да го прекрстувате

Мислам дека и Ципрас се чуди каков е овој премиер кој се му исполнува што ќе побара, па дури и да не ја интонира химната за да не го навреди. Се фалат со европеизација, не критикуваат дека сме анахронизам, дека живееме во минатото, дека не гледаме кон Европа, дека не сме способни да градиме пријателства, дека ги отвориле портите на Европа а ние сме ги затворале. Но тоа не е точно бидејќи во Европа не се оди потонати во криминал. Народот овде не може крај со крај да врзе, меѓу младите има над 58 проценти размислуваат кога, каде и како да заминат. Едвај ги чекаат европјаните бидејќи тие се креативни како нив, но овде никој не се бори за нив.

На првото прашање зошто заминуваат велат: Нема живот овде во Македонија а они дојдоа на власт со паролата „Живот во Македонија“.

Секој ден дел по дел од нашиот идентитет исчезнува. Од никого ништо не сме позајмиле. Името е неразделно од нашиот идентитет и ние имаме право и должност кон нашите идни генерации да го зачуваме и да им го предадеме. Тоа не е неевропски чин, модерна Европа е Европа на нации. Сите нации имаат право на самоопределување, имаме и ние. Нема самоопределување без име, знаме, устав, химна. Тоа сме го имале и ќе си го повратиме на правен начин.

Ова не е национализам, иако можеби звучи така, национализам е да му го негирате на соседот правото на самоопределување, да го прекрстувате соседот, рече Силановска Давкова.

поврзани објави

Последни објави