6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Вие сте огледало на вашето дете: Бидете родител за пример

Постојат некои работи кои никако не смеете да му ги приредувате на вашето дете, со цел утре да не стекне лоши манири.

Иако сите родители своето дете го сакаат најмногу на свет, сведоци сме на секојдневни родителски грешки, кои, колку и да изгледаат несериозни, оставаат трајни последици врз однесувањето на детето, па честопати на некои родители им треба подсетник што е добро, а што не.

Пцовки
Големи се шансите доколку користите пцовки пред вашето дете, истото да почне да ги применува. Можеби ви звучи симпатично и слатко, но верувајте дека тоа со тек на времето ќе му стане навика кој ќе ја користи во текот на својот живот.

Расправии и физички пресметки
Кога сме кај расправиите, не се дозволени ниту вербални, а најмалку физички. Вашето дете не смеете да го доведете во ситуација да застане меѓу вас и парнерот додека се расправате и да ја смирува ситуацијата. Во спротивно, детето ваквото однесување ќе го пренесе и надвор од домот, па утре со другарите ќе се однесува слично, мислејќи дека тоа е нормално.

Не почитување на другиот родител
Доколку сакате да го критикувате вашиот парнет, погрижете се тоа да не биде во близина на вашето дете. Децата нападот врз родителите го сваќаат лично, исто како тоа да им го имате кажано нив.

Лажење
Добро, знаеме дека сите ние понекогаш лажаме, особено пред нашите деца (за добри намери). Но секогаш кога е можно, немојте да лажете никого пред децата, бидејќи ќе ви биде многу тешко подоцна да ги научите на искреност, кога ќе видат како лежете вие по други луѓе.

Гледање на риалити шоу
Тука се мисли буквално на сите риалити шоу програми! Сетете се само колку пцовки, лажење, расправии, физички пресметки се користат во ваквите емисии. Ова е премногу лош пример за вашите деца.

Пушење цигари во просторијата каде што е детето
Ако сте пушач и ризикувате да добиете болести како рак на белите дробови, тоа е ваша одлука. Но, детето не смее да биде жртва на пасивно пушење, таквото однесување е сурово и крајно неодговорно.

поврзани објави

Последни објави