3.8 C
Skopje
Friday, April 19, 2024
Платено политичко рекламирање

Џафери испрати телеграма со сочуство за несреќата кај Солунска Глава

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, испрати телеграма со сочуство за четиричленото бугарско семејство, за кое прекрасниот викенд во Охрид заврши кобно. Како што стои во телеграмата, се упатува од негово лично име и во името на сите пратеници.

Џафери наведува дека е длабоко потресен од трогателната вест за ненадејната загуба на бугарските државјани, кои трагично ги загубија животите во авионската несреќа која се случи над Солунска Глава.

„Нивниот лет беше прекинат со падот на леталото над Солунска Глава. Ова е жалосен настан за нивните блиски, за нивните пријатели, познаници и соработници, меѓутоа жалосен настан и за Република Бугарија и нејзините граѓани. Во оваа пригода сакам да изразам искрено сочуство и до државниот врв на нашата соседна земја и да посакам ваквите несреќни вести никогаш да не се повторат“, се вели во телеграмата на Џафери.

„Нека живее споменот за ова семејство во сеќавањето на сите кои лично ги познавале и споделувале заеднички мигови со загинатите и нека почивааат во мир“, истакнува спикерот на нашето собрание.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави