fbpx
23.8 C
Skopje

На крајот голем пресврт и информација која никој не ја очекуваше – што точно направи авионот кој се сруши

АКТУЕЛНО

Зошто Георги Бошнаков одлучил да лета преку Солунска глава за да стигне до Софија и дали добил точни податоци за временските услови на планината, допрва ќе се утврдува со истрагата на Комитетот за воздухопловни несреќи. Формирана е посебна комисија и од домашни експерти, но и двајца бугарски истражители.

Во интервју за бугарската Нова ТВ, амбасадорот на Бугарија во Земјава бара одговорност од надлежните кои знаеле за лошите временски услови, но сепак му дозволиле на пилотот да полета. И од аудио снимката која беше објавена во соседните медиуми се слуша разговор меѓу метеорологот и контролорот на лет. Но,првиот човек на Комитетот не сака да ги коментира причините, вели рано е да се претпоставува што се случило.

Ангел Ангелов – „Главната хипотеза е лошото време. Прашањето е зошто да се лета на толку лошо време?“

Новинарка: Нели треба некој да има одговорност ако го пуштил да лета на лошо време?

Ангелов: Тоа секако се подразбира.

Дали оваа „Цесна“ тешка речиси 2 тона и претходно летала на македонско небо, каква дозвола поседувал бизнисменот Бошнаков кој управувал со авионот и сите информации околу производството и сервисирањето ќе бидат собрани во рамки на истрагата. Илиевски гарантира дека откако Бошнаков јавил за турбуленции му било дозволено да слета на скопскиот аеродром, но зошто се премислил и ја продолжил рутата кон Софија, засега е енигма.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -