-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мицкоски до Заев: Можам да се сликам со тебе само под два услови

Бев во Зрновци и тука пред домаќините сакав на почетокот сакам веднаш да одговорам бидејќи вчера Заев ме покани да сум се сликал со него. Не е проблем, еве прифаќам, но Заев прво ќе треба да направи две работи. Да ги врати 8.5 милиони евра од Глобал, а потоа и оние едно евро за Вицето, едно евро за црквата што ги бараше на видео снимката.

Додека не ги направи овие две работи, ќе му остане само да се радува на сликата со Ципрас, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој истакна дека Зоран Заев не разбира што е неправда.

И ќе ви кажам зошто изгледа Заев не разбира што е неправда. Неправда е кога неправда е кога наместо повисоки пензии, се даваат тендери и бизниси на Вицето. Неправда е кога ќе ветите добра бизнис клима, а ќе покачите даноци. Неправда е кога ќе излажете дека ќе влезе нова германска инвестиција, а таа ќе инвестира во соседна држава.

Неправда е кога младите си одат од земјава, мајките плачат, а Мира Дизел си запослува половина фамилија.

Неправда е кога студент со 10 просек си не може ни да се прехрани, ама децата на власта одат на скапи одмори,

Неправда е кога имаме криминални иновации наместо вистински иновации и напредок.

Неправда е кога ќе велат дека ќе им дадат повисоки субвенции на земјоделците, а тие не може ниту да ги продадат производите. Кога на оризарите поисплатливо ќе им биде да го фрлат родот отколку да го продаваат, кога ќе ветат зелена нафта, а нема да добијат ништо од власта.

-Неправда е кога наставниците и професорите нема да добијат повисока плата. Неправда е кога нема работа за доктори на науки, магистри. Неправда е кога ќе ветат 500 евра плата, а ниту оваа сега што ја имаме можат да ја одржат.

Неправда е кога ќе ветите дека ќе ги решите Еврокомпозит, Колска и Југохром, а нема да мрднете прст за нив

Неправда кога ќе ветите раст од 5 посто, а Светска Банка ви вика дека не можете реално да дојдете ниту до пола.

Нашата визија е правдата да биде најголем непријател на неправдата, кога криминалците ќе бидат зад решетки. Тоа ние го можеме. Овој сон можеме да го оствариме. Тогаш што чекаме. Знаеме дека со оваа власт нема ништо добро. Да почне смената. Гордана за горда Македонија. Гордана за правда за Македонија, стои во статусот на Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави