Сосема обичен работен ден на една ТВ водителка во Русија се претвори во моментален вирален хит.
Видеоснимката успеа да насмее многу луѓе. Имено, додека течеше телевизискиот дневник, во студиото се појави неочекуван гостин, од кого убавата водителка најпрво се уплаши, а потоа се обиде на професионален начин да продолжи со дневникот.
Најпрво водителката се уплаши од неочекуваниот гостин, а нејзината реакција насмеа многумина.
За момент изгледаше како кучето се обидува да и ја „преземе“ улогата на водителката, која на љубезен начин го гушна и продолжи со соопштување на вестите.