Messenger, Instagram и Facebook се само некои од апликациите кои сопствениците на Windows телефон, повеќе никогаш нема да можат да ги користат.
Facebook ќе ја прекине својата поддршка за Windows телефоните од 30 април, а единствен начин да се пристапи до содржините кои ги нуди ќе биде преку пребарувачот на телефонот.
Во прашање се апликации со најмногу преземања на Microsoft мобилен оперативен систем и моментално не е познато на колку луѓе ќе влијае оваа промена.
Сепак овој потег на Facebook не треба никого да изненади, со оглед на тоа дека телефоните кои користат Windows се веќе застарени модели. Microsoft најави дека го запира овој проект во 2016 година, поради слабата побарувачка.
Компанијата запре со издавање на безбедносни и софтверски надоградби во декември минатата година.