Том Силс, 25 годишен дечко од Саутхемптон, тврди дека во сон ја предвидел иднината, па така заработил добивка од 5000 фунти.
Имено, откако заспал во петокот вечерта, логистичкиот работник сонувал дека неговиот омилен фудбалски клуб Колчестер Јунајтед во сабота ќе успее да извојува победа над Кембриџ во 90. минута од натпреварот.
Во продолжение сонувал дека Стоук Јунајтед и Шефил ги поделиле бодовите, односно играле нерешено. Следниот ден се разбудил необичаено рано, околу 06:30 утрото, па веднаш потрчал до најблиската обложовалница и ги уплатил натпреварите што ги сонувал.
Натпреварите ги изгледал со своите пријатели во локален бар, а се се одвивало како во сонот, односно тикетот бил добитен.
„Не можевме да веруваме. На сите ги покажав пораките, со кои мојот сон го препорачав на пријателите“, изјави Том, кого овие два натпревари му донесоа добивка од неверојатни 5000 фунти.