11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Позитив на денот: Момче со даунов синдром скока од среќа примајќи ја дипломата (Видео)

Сите сме ги виделе матурантите по нивното дипломирање како зрачат од среќа, посебно од кога ја примат дипломата, но среќата на ова момче неможе да се опише.

Карлос Неира, е момче со даунов синдром, матурирал во средното училиште Ли во Тексас, а среќата по примањето на дипломата е беспрекорна.

Карлос се појавил скокајќи и танцувајќи на сцената, со широка насмевка, а неговата енергија била толку заразна што дури и професорите не одолеале на радувањето со возбуденото 19-годишно момче.

“Една од најубавите работи на доделувањето е славењето на успесите на нашите ученици! Ова видео го споделуваме поради нашиот посебен матурант Карлос Неира на кој сме исклучително горди”, напишале од училиштето покрај снимката која ја споделиле на своите страници.

Инаку, Карлос е најмладото од осумте деца во семејството, а неговата мајка Тереса вели дека тој е вистински благослов во нивните животи.

“Не научи на љубов, среќа и делба. Него ништо не може да го растажи. Тој гледа кон горе и покажува со прстот кон Бог. Полн е со љубов и верба”, изјавила гордата мајка.

поврзани објави

Последни објави