5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Трамп во паника: Позната американска актерка ќе се кандидира за претседател на САД

Познатата холувдска актерка, режисерка и хуманитарка Анџелина Џоли е подготвена да влезе во политиката со цел да се кандидира за некоја од повисоките функции.

Џоли, која славата ја стекна со филмовите „Лара Крофт“, „Александар“ и „Господин и госпоѓа Смит“, изјави дека не ја исклучува можноста во иднина да се кандидира за јавна функција.

Таа моментално работи како амбасадор на Обединетите нации и Комесаријатот за бегалци на ОН. Иако самата не најави за која функција ке претендира, се шпекулира дека тоа би можело да биде местото претседател на САД, каде би се обидела да го замени местото на Трамп, кој после се, догодина го чека неизбежен пораз.

Покрај тоа, таа не би била прва холивудска ѕвезда која се обидела во високата политика на САД. Роналд Реган стигна до Белата куќа, а Арнолд Шварценегер до гувернерското место во Калифорнија.

Друга јавна функциај која би можела да биде привлечна за Џоли е истражување на воени злосторства при Меѓународниот кривичен суд.

поврзани објави

Последни објави