11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Доби предизвик да се трансформира во „Мона Лиза“: Резултатот никој не го очекуваше (Видео)

Доколку некогаш сте се сомневале во способноста на еден шминкер и се она што може да го направат шминките, не сте ја запознале блогерката од Кина, Хе Јонг.

Девојката ќе ви го промени мислењето за шминката, кога ќе ги видите нејзините феноменални трансформации, почнувајќи од познати историски уметнички дела па се до Тејлор Свифт.

Имено, таа од својте следбеници добила предизвик да се трансформира во не било кој, туку во Мона Лиза. Таа со задоволство прифати, а нејзината трансформација ќе ве остави без зборови. Видеото стана буквален хит низ Кина, па беше прегледно повеќе од 20 милиони пати.

“Кога еднаш ќе го погледнете Вашето лице како бела хартија, можностите се бескрајни”, напиша таа.

Таа сакала да го докаже тоа откако еден обожавател се пошегувал дека треба да го прошири својот спектар на трансформации од Кинески и Западни славни лица и да вклучи класични уметнички дела и како што можете да погледнете, таа го направи тоа успешно.

поврзани објави

Последни објави