12.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

Мислеле дека го загубиле своето куче: По неколку часа се вратило со порака која им ги стопила срцата

Луи е дванаесет годишно куче кое исчезнало од својот дом. Неговото изненадно заминување од дома ги вознемирило неговите сопственици, но вечерта произлегло дека немаат зошто да се грижат. Нивниот љубимец всушност бил на спасувачка акција.

Се вратило дома во доцните часови. Изгледало исцрпено и едвај чекаше да си легне во својата куќичка. Сопствениците го гледале загрижено, а потоа ја забележале пораката која била закачена околу неговиот врат, па се им станало јасно.

Во пораката пишувало дека Луи всушност го спасил соседското куче, Меди. Кога приметил дека е во опасност, застанал пред куќата на соседите и упорно се обидувал да им го скрене вниманието со цел да ги одведе до местото каде што се наоѓала Меги. Луи успеал да ги одведе соседите до своето милениче, кое било затрупано со гранки и неможело да излезе.

Со заеднички сили, Луи и неговиот комшија успеале да ја спасат Меди. После јуначката акција, Луи бил награден и добро нахранет, по што се вратил кај своите сопственици со порака за благодарност.

поврзани објави

Последни објави