13.8 C
Skopje
Thursday, May 23, 2024
spot_img

Героски: Разликата на претседателските избори нема да биде голема, ВМРО и СДСМ се машини кои носат доста гласови

ВМРО и СДСМ имаат стабилно гласачко тело, затоа и не ме изненадуваат бројките од анкетите кои говорат дека разликата не е голема меѓу кандидатите Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова.

Имаме искуство од изборите во Македонија добри 30 години. Што и да се случува овие две партии и покрај нивните падови имаат стабилно гласачко тело. Јас не се сеќавам ВМРО на избори да паднало под 300 илјади гласови. Тоа се големи структури, машини кои носат доста гласови. Разликата не верувам дека ќе биде голема, рече Бранко Героски во гостување во емисијата „Јади бурек“ со Јанко Илковски.

Дел од луѓето гласаат за победниците, не сакам да учествувам во сугерирање на тоа кој ќе биде победник, рече Героски и притоа додаде дека клучот за победа ќе биде во албанските гласачи. Ако после првиот круг води Пендаровски пред Силјановска, јас претпоставувам дека во ВМРО ќе стане јасно дека нема теоретска шанса во вториот круг да се направи пресврт. Бидејќи колку и да се Албанци, попрво би гласале за Пендаровски отколку за Силјановска Давкова, истакна Героски.

Зборувајќи за изборите Героски рече е добро и двете партии да бидат моќни, да биде од едната страна премиерот, од другата претседателот, бидејќи во еден таков случај ќе има некој баланс меѓу силите.

На локалните избори ВМРО-ДПМНЕ доживеа катастрофален пораз. Ако разликата е помала сега на овие избори ќе значи дека се повратиле и дека на некој начин се консолидирале, иако тој процес се уште не е завршен, рече тој.

На новинарско прашање дали Пендаровски неправедно ги изгубил претходните претседателски избори Героски рече: Тоа беа изборни кланици. Не да имаше нерегуларности, туку тие пред очи ги гледавме и подоцна ги слушавме во бомбите објавени од Заев. Од човечињата носени преку станови, од овие од мала Преспа кои беа носени, па цо цели населби да нема, а по список имаше полни цели згради, мораме да признаеме дека СДСМ ја доигра играта до крај, не ги бојкотираше изборите и покрај тоа што целата игра беше неправедна и една изборна кланица.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави