Популарната пејачка Светлана Ражнатовиќ Цеца ќе стане и официјално свекрва. Нејзиниот син Вељко Ражнатовиќ и официјално ја запроси неговата девојка, а веќе и свршеничка Богдана Родиќ.
Светлана Цеца Ражнатовиќ не ја крие возбудата која ја чека оваа година по повод женењето на својот син Вељко Ражнатовиќ.
Свадбата која ќе биде за неколку месеци ќе биде традиционална, пренесуваат српските медиуми.
Исто како неговиот татко Вељко ќе ја земе својата свршеница Богдана Родиќ од своето родно место, ќе пука во јаболко и ќе ги применува сите традиционални обичаи.
Потоа младенците, сватовите и роднините ќе се вратат во Белград каде ќе ги дочека Цеца, а воедно и ќе се одржи венчањето. Ова ќе биде најголема веселба во семејството на пејачката по свадбата на Цеца и Аркан.
Пејачката не крие дека веќе во ек се подготовките и дека нема да штеди пари за нејзиниот син.
Видеото од запросувањето кое го објави Цеца на социјалните мрежи можете да го погледнете ОВДЕ