Не и беше сеедно. Пејачката тврди дека дошло до прекин на соработката со Гранд продукцијата бидејќи решила да издаде сингл за друга продукциска куќа. Имено, Јадранка своевремено на медиумите даваше изјави и откри дека до прекин на соработката меѓу неа и продукцијата на Ѕвезде Гранд дошло откако таа одлучила да издаде сингл за друга продукциска куќа.
Но, и покрај недоразбирањата и лутината која ја предизвикала кај првите луѓе на Гранд продукција, пејачката повторно се појави во студиото на Гранд и проговори за недоразбирањето кое настанало тогаш.
Јас неколку пати се изјаснив по тоа прашање и ништо не се промени. Еве и денес сум овде, продолжуваме понатаму, можеби имаше мало недоразбирање, можеби јас сум виновна, но ете, тоа помина. Не мислам дека сум виновна што отидов во друга продукциска куќа. Мојата одлука да издадам сингл можеби ги налути. Не ни мислев дека ќе направам пауза, но ете кога веќе решија, морав. Помина време а потоа добив понуда да се вратам назад. Имам чувство како да не ни заминав, ова е мојот втор дом, бидејќи јас сум дел од Гранд продукцијата исто како што тие се дел од мене.
Потсетуваме, пејачката со хитот „Лака“ на почетокот на кариерата ја освои публиката, а моментално таа песна на Youtube брои 5,5 милиони.