14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Сакал да излезе фраер пред своите другари: Ергенската забава заврши кобно за младоженецот

Едно момче од Њу Џерси се удавило во езеро на ергенска забава додека учествувал во игра “кој може најдолго да остане под вода”, соопштиле властите.

23-годишниот Роберт Закари Банса – Зак бил на ергенска забава во куќа на езерото Синклер во Џорџија со уште десетина други гости, меѓу кои бил и неговиот брат, кога го започнале натпреварот.

“Сакал да види колку долго може да го задржи здивот, но за жал се удавил”, изјавил полицаецот Бред Кинг.

Групата од 15-тина момчиња на почетокот не ни забележала дека Банса не излегол од водата. Тие помислиле дека веќе отишол во куќата и тргнале да го побараат, пренесува “NY Post”.

“Најмалку седум минути бил под вода, пред тие да сфатат дека не ни излегол на површината”, соопштила полицијата.

На крајот еден од гостите се вратил во езерото и го извлекол младото момче од водата, додека видливоста била многу слаба. На местото на несреќата бил повикан и хеликоптер, но Роберт бил прогласен за мртов на местото на несреќата.

поврзани објави

Последни објави