Мистеријата за британскиот патнички број Титаник, кој потона 14 април 1912 година, во текот на своето прво патување за Америка, по скоро 107 години, конечно е разрешена.
Под раководството на капетанот Едвард Смит, на бродот биле околу 2200 патници во моментот кога бродот ударил во голема санта мраз, несреќа во која повеќе од 1500 луѓе ги загубиле животите. Меѓутоа таа приказна не е реална, раскажува поранешен професионален морнар, кои има искуство во водите на северниот дел на Атлантикот, местото каде што потонал Титаник.
Капетанот Л.М Колинс во 2002 година издал книга „Потонувањето на Титаник, перспектива на ледениот пилот“, каде ги пренесува трите причини за потонувањето на Титаник.
„Уверен сум дека е невозможно бродот да се судрил во ледената карпа. Наместо тоа, Титаник е жртва на артичкиот леден слој. Артичкиот лед е повеќегодишен лед и е многу тврд“, пренесува тој.
„Многу продови потонаа на ист начин. Нема веродостојни докази дека Титаник ударил во ледена карпа“.
Капетанот Колинс детално опиша во книгата како околу 10 минути пред тонењето, двајца морнари забележале магла на хоризонтот, кое се протегаало околу 20 степени од двете страни на бродот. Според Колинс, тоа не било магла туку ледениот појас.
Покрај тоа, сите офицери кои биле на бродот, пријавиле различна големина на непостоечката ледена карпа.
Капетанот Колинс смета дека оваа разлика во висината се должи на “оптичкиот феномен познат на поморските”, каде што морето и екстремната ладна ја нарушуваат појавата на објекти во близина на водната линија, што ги прави многу високи.
Физичарите, исто така, тврдат дека Титаник не удрил во ледениот брег, тврди тој.
Тој објасни дека нешто што е познато како ефект на Бернули значи дека ова не е можно.
Според Колинс, доколку бродот се движел со брзина од 11 метри во секунда, и навистина се ударел во ледена карпа голема колку зграда, целата страна ќе била уништена, па тогаш Титаник ќе потонел за неколку минути, а не часови.